Детектиран е нов сој на коронавирусот во Франција
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2021
Во Бретања во Франција e откриен нов сој на коронавирусот.
Информацијата ја потврдија од Министерството за здравство. Во соопштението стои дека првичните анализи не покажале дека новиот сој е посериозен и попренослив од другите соеви, пренесува Ројтерс. Министерството соопшти дека новиот сој е најден кај група случаи во болнички центар во градот Лањон. Во Франција досега од коронавирусот починаа повеќе од 90.000 луѓе.
Претходно, нова мутација на вирусот е детектирана и во Јапонија. Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус.
foto Wikipedia
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.