Ако студираат, децата без родители ќе добиваат повеќе пари
Објавено во: Економија 05 Јануари, 2013 20:45
Од 9.000 денари на 12.000 денари ако користат социјален стан под закуп се покачува висината на помош за студирање на децата без родители и без родителска грижа, согласно последните измени на Законот за социјална заштита. За оние деца пак кои не користат социјален стан под закуп, помошта за студирање треба да расте од сегашните 9.000 денари на 12.000 денари.
Измените веќе се во владина процедура по скратена постапка, информираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
„За оваа намена од Буџетот на Министерството се издвојуваат средства во висина 12 милиони денари на годишно ниво. Со предложените измени е предвидено средствата коишто ќе им се исплаќаат на корисниците да изнесуваат 16 милиони денари на годишно ниво,“ изјави Ристовски кој додаде дека ова право во моментот го користат 67 лица, од кои 23 лица го остваруваат добиваат по 9.000 денари, а останатите 44 лица го добиваат помош од 18.000 денари.
Како што посочи Министерот, пред да биде воведено правото, годишно во просек на факултет се запишувале две до три деца без родители , за сега можноста за бесплатно студирање да порасне на 67 лица.
„Се работеше и на подобрување на нивната економско-социјална положба, преку зголемување на износот на еднократна парична помош по напуштање на Установата од 30.000 на 180.000 денари, се преземаа мерки за нивно полесно вработување во чија насока беа неодамна усвоените законски измени со коишто им се обезбедува работа во јавните и државните институции по напуштање на Установата во којашто биле сместени“, рече министерот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





