05 Декември, 2025
0.0292

Deutsche Telekom заработи повеќе од што очекуваше

Објавено во: Анализа 08 Август, 2014 07:51

Добивај вести на Viber

Најголемиот германски мобилен оператор Deutsche Telekom оствари поголем од очекуваното профит за второто фискално тримесечје, откако растот на приходите во САД ги компензираа големите инвестиции во германските мрежи на компанијата. Профитот на компанијата пред камата, даноци и амортизација, е 4,43 милијарди евра (5,9 милијарди долари) за наведениот период, што е над просечната прогноза од 4,35 милијарди евра, дадена од аналитичарите во анкетата на Ројтерс. Компанијата ја потврдува прогнозата за годишна добивка од 17,6 милијарди евра. Минатата недела американскиот мобилен оператор T-Mobile US, кој е во сопственост на Deutsche Telekom, ја забележа првата нето добивка и ги зголеми прогнозите за бројот на нови претплатници. Сега Deutsche Telekom се соочува со тешка одлука за тоа дали да остане во САД, откако одлуката за продажба на T-Mobile US на нејзиниот најголем конкурент Sprint се судри со регулаторни пречки. Германскиот оператор бара начин да излезе од американскиот пазар повеќе од три години, бидејќи операторот T-Mobile ја зазема четвртата позиција по Verizon, AT & T и Sprint, а компанијата во ова гледа ограничување пред долгорочните можности за профит. Одлуката на Sprint да се откаже од договорот беше донесена кратко по одлуката на францускиот мобилен оператор Iliad да упати понуда за стекнување на удел од 56,6% од T-Mobile US. Тоа ги зголеми надежите дека ќе има големо наддавање. Во меѓувреме, претседателот на вториот по големина сателитски оператор во САД Dish Network Corp. изјави дека веќе има смисла да размисли за наддавање за T-Mobile US откако Sprint е надвор од игра. Германскиот оператор не дава никакви коментари за случајот. Истовремено во глобалната телекомуникациска индустрија има бран на превземања и спојувања, бидејќи компаниите имаат корист од ниските каматни стапки, за да ги остварат таквите трансакции и да произведуваат економии од обем. Во Европа приходите на мобилните оператори се намалуваат во последниве години поради регулаторните промени, вклучувајќи и поради промените во роаминг трошоците и силната ценовна конкуренција. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени