(ФОТО) Девет бакнежи на Ангела Меркел и средба со Путин
Објавено во: Анализа, Свет 30 Декември, 2014
Германската канцеларка Ангела Меркел, која во 2014 година собра признанија и сипатии и прогласена за најмоќна политичарка, но и личност на годината, имала бројни државнички состаноци и протоколарни поздрави со своите соговорници, а таблиодот „Билд“ се обиде да ги „дешифрира“ нејзините најзначајни „девет бакнежи“ и средба со рускиот претседател Владинир Путин. Вистинската љубов изгледа поинаку“, пишува таблоидот за „првиот бакнеж“ на Меркел во февруари годинава во Париз со новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд кој дојде на власт после Никола Саркози со кој таа имала одлични политички односи и важела за европски, движечки “двоец“.
Вториот бакнеж на Ангела Меркел бил во Ерусалим, нешто повеќе Париз, кога се состанала со израелскиот шеф на државата Симон Перез. Меркел, како канцеларка, цврсо стои на страната на Израел“, пишува „Билд“. Кога станува збор за германско-израелските односи, обележани со трагедијата на Втората светска војна и злосторите на фашистичка Германија над Евреите многу германски политичари во последните децении работеле на помирување, унапредување на соработката и поддршката на блискоисточните мировни процеси.
Меѓу оние кои се заслужни за пријателски добрите односи на Германија и Израел, најчесто се наведува покојниот германски претседател Јоханес Рау кој е прв политичар кој одржа говор на германски јазик во Кнесета.
Меркел, која исто така важи за пријател на Израел, била прв шеф на германската влада, која говорела во Кнесета, пред неколку години, по повод 60 годишницата за основањето на Израел.
Третиот бакнеж на Меркел, значаен за 2014 год. беше во март во Даблин каде се состанала со премиерот на Ирска Енд Кеније кој ја добил нејзината поддршка за остриот курс на штедење во должничката криза.Кон крајот на март ова година Меркел ја посетила соседна Холандија и во Хаг се сотанала со холандскиот премиер, 47 годишниот Марк Руте.
Руте е нејзин важен сојузник во борбата за курс на штедење во јужноевропските држави, пишува таблоидот и потсетува дека последните денови на март и кандаскиот премиер Стивен Харпер бил во посета на Берлин.
Канаѓанецот и Меркел се почитуваат, имаат добра соработка, и како што се наведува, двајцата заедно работат на договорот за слободната трговска зона помеѓу Канада и Европа.
Шестиот бакнеж бил шармантен, но не можел да ја поврати изгубената доверба.
Меркел во мај ја посетила Америка, каде Обама шармантно ја дочекал, но поради аферата на американското преслушкување на Германците, во која ни самата Меркел, изгледа, не била поштедена, односите меѓу Берлин и Белата куќа едно време беа оптеретени со таа афера.Во половината на мај бакнежот стигнал од Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, кој без нејзината поддршка не би можел да биде на тоа место.
После Луксембуржаните, дошол еден бакнеж кој на Меркел и донел повеќе популарност, отколку германската фудбалска репрезентација - Рио Де Женеиро, победа на германската фудбалска репрезентција и радост на Меркел поради тоа и бакнеж со фудбалерот Мануел Нојер.
Тоа не е прв пат Меркел да се покаже како љубител на фудбалот.
Деветиот фудбал Меркел бил кон крајот на годината на Нов Зеланд.
Тогаш таа традиционално е дочекана, а во тоа спаѓа и бакнеж со носот. Меркел после Хелмут Кол, првиот германски канцелар кој, после 17 години го посетил Нов Зеланд. Таблоидот „Билд“ пишува и за состанокот на 6 јуни во француски Довил, по повод слетувањето на сојузникот во Нормансдија, каде Меркел и Путин не се „бакнале“.
Од избивањето на украинската криза помеѓу Меркел и Путин нема поздравни бакнежи, пишува овој таблоид, наведувајќи дека, меѓутоа, и покрај таа дистанца, таа е шеф на влада со најголемо влијание на Путин.