22 Април, 2024
0.0264

ДЕВЕТ ГОДИНИ БИЛ ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР - „Књаз Милош“ има нов прв човек, еве на што ќе се фокусира Станковиќ

Објавено во: Економија 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

„Продолжувајќи го наследството на Милош Стојисављевиќ, на местото генерален директор на компанијата „Књаз Милош и Матони“ во Западен Балкан доаѓа Марко Станковиќ, кој ја презема новата улога од претходната позиција на финансиски директор“, се вели во соопштението на компанијата „Књаз Милош“, која го назначи новиот директор.

Заедно со остатокот од лидерскиот тим, Станковиќ во претходните девет години се насочи кон стратешката трансформација на компанијата Књаз Милош во еден од водечките производители на безалкохолни пијалоци во Западен Балкан. Надвор од традиционалните одговорности на финансиски директор, тој ја насочи иновативната агенда на компанијата во сите области на бизнисот - од нови производи, стратешки чекори до заокружување на портфолиото, интеграција на светски брендови, проширување на нови пазари и севкупно инвентивно присуство на пазарот, се наведува натаму во соопштението.

„Ќе ја искористиме нашата локална сила и интелигенција за да продолжиме да ја пишуваме историјата на Књаз Милош како лидер во иновациите и големите проекти како што се проширувањето на нашата фабрика, натамошното зајакнување на пазарните позиции во регионот на Западен Балкан и визијата на Пепси од Аранѓеловац, од срцето на Шумадија, за европските пазари“, изјави Марко Станковиќ во оваа прилика.

Станковиќ кариерата ја изгради во компаниите Ернст и Јанг и ПепсиКо, а дипломирал на Економскиот факултет во Белград.

Бонитет.ком

Фото: Linkedin

Можеби ќе ве интересира

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

Доларот зајакна петта недела по ред: Се смета дека каматните стапки ќе останат високи подолго од очекуваното

Доларот зајакна петта недела по ред: Се смета дека каматните стапки ќе останат високи подолго од очекуваното