Деветтото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2025 15:11
40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија.
Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.
Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар.
Свиперот работи на електричен погон, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰камера.
Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.
Можеби ќе ве интересира
Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење
