Девојче примило инфузија во битолската болница и починало
Објавено во: Македонија 23 Март, 2023
Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница за време додека примало инфузија.
Како што известува „Независен“, блиски на семејството на починатото девојче рекле дека претходно детето имало симптоми на настинка, покачена температура и дијареа.
Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано, а директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски информира дека врз телото на девојчето се врши обдукција за да се утврдат причините за смртта.