Добивај вести на Viber
Во Берово започна изградбата на ново минаре за градската џамија „Мехмед Бег“. Изградбата на минарето е во согласнсот со измените на Деталниот урбанистички план и за него е добиено одбрение за градба од надлежните органи, a на пригодната свеченост по тој повод,покрај верниците од Малешевијата, присуствуваа и Поглаварот на ИВЗ во Република Македонија Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претставници од Амбасадата на Република Турција во Скопје и гости од Турција.
Новото минаре ќе има висина од десет метри, а неговата изградба е овозможена со финансиска поткрепа во вид на приватна донација од турски донатори.