Џејми Оливер обвинува за кражба

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2012 15:42
Оливер го отвори својот прв ресторан во Лондон, во 2008 година, а сега има 30 ресторани со неговото име, за кои тој вели дека се популарни поради своите разумни цени и затоа што се опремени за да остават рустична атмосфера, со дрвени маси, отворен простор кон кујната и со детали, како што се салфетите кои ги тераат гостите да се чувствуваат како дома.
Готвачот Оливер кој има своја редовна телевизиска програма на британскиот Канал 4, сугерирајќи им на гледачите како да приготват јадење за 15 минути, порачува дека секој што сака да земе како сувенир салфетки, може да побара и да добие четири за осум фунти, што изнесува нешто повеќе од 560 денари. Тој е најмногу гневен затоа што дел од украдената опрема подоцна се нуди на Е-бај интернет мрежата, каде една платнена салфета со името Оливер, се продава за 7.5 фунти.Можеби ќе ве интересира
„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите
