05 Декември, 2025
0.1483

Џеваир Холдинг е фирмата заинтересирана за Сончев Град во Сопиште!?

Објавено во: Економија 26 Декември, 2012 11:44

Добивај вести на Viber

Единствената понуда на јавното наддавање за изградбата на Сончев Град во Сопиште е од турската фирма Џеваир Холдинг, дознава Фактор. Оваа фирма ги гради висококатниците во општина Аеродром, и со апликацијата на тендерот за Сончев Град покажува намера за своите долгорочни планови во Македонија. Според објавата, Сончев Град треба да се гради на локација од 835. 619 метри квадратни, чија почетна цена изнесува 1,6 милиони евра, или почетната цена на метар квадратен е 2 евра. Според наведените услови идниот инвеститор на локацијата треба да изгради најмногу индивидуални куќи или 51% од објектите треба да бидат куќи, а  помал дел или 9% да бидат станбени згради. Ќе се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи, училишта, објекти за рекреација…Сите заинтересирани инвеститори за да учествуваат во наддавањето мора да поднесат банкарска гаранција од 500 илјади евра. Дали до утре ќе се појави уште некоја фирма останува да се види. Како што Фактор денеска веќе објави Интерес за градење на грандиозниот проект досега покажале многу странски инвеститори од Катар, Индија, Турција, Египет и Америка, кои биле и во посета на општината, интересирајќи се за деталите околу проектот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?