05 Декември, 2025
0.0310

Џеваир Холдинг: Сончев Град ќе биде најелитната населба на Балканот!

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2012 08:15

Добивај вести на Viber

За 1,8 милиони евра, турската компанија Џеваир Холдинг го купи земјиштето во Сопиште за изградба на елитната населба Сончев Град. Се уште не се откриваат детали како ќе изгледа проектот, но е јасно дека освен станбен дел, ќе има и трговски центри, болници, бензински пумпи и многу други содржини. Соња Јованова Наумовска За шест години Сончев Град треба да стане најелитната населба на Балканот. За тоа гарантира инвеститорот Џеваир Холдинг, кој како единствен понудувач на јавното наддавање, го купи земјиштето за безмалку два милиони евра. Претставникот на турската компанија, која веќе е актуелна со изградба на висококатниците во Аеродром, за Фактор, вели дека се задоволни од условите за работа во земјава и дека ќе продолжат со понатамошни инвестиции. „Ние дадовме понуда на јавното наддавање, сега чекаме и официјално да не известат дека сме избрани за најповолен понудувач. Инаку сметаме дека локацијата е одлична за изградба на една елитна населба, затоа и се пријавивме на тендерот, всушност ние веќе фативме работа во Македонија и нема да застанеме тука“, вели Ејуп Учак, претставник на Џеваир Холдинг во земјава. Според процедурата, во понеделник, општина Сопиште треба да ја извести компанијата дека се избрани за најповолен понудувач, по што инвеститорот треба да ги уплати сите пари на сметка на општината, по што ќе следи потпишување на договор за купопродажба на земјиштето. „После таа процедура Џеваир треба да уплатат и 3% данок на промет, по што следи солемнизација на договорот, па упис во Катастар и на крај инвеститорот мора да достави проект за да видиме како ќе изгледа Сончев Град“, објаснува градоначалникот на Сопиште Јован Ѓорѓијоски. Инвеститорот е условен проектот да содржи минимум 10% од она што го предвидела општината со урбанистички план. Најмногу индивидуални куќи или 51% од објектите треба да бидат куќи, а  помал дел или 9% да бидат станбени згради. Дотогаш, општината пак, мора да изгради пат, да донесе вода и струја до локацијата. Речиси сите се оптимисти дека овој пат ќе успее да се реализира долго најавуваниот проект за изградба на Сончев Град. По неколкуте неуспешни обиди, сега, градоначалникот се надева дека го нашле вистинскиот сериозен инвеститор, кој и покрај неколкуте најави за заинтересирани купувачи, остана единствен на јавното наддавање. Турската компанија Џеваир Холдинг покрај бизнис релациите, негува и пријателски односи со земјава, особено откако претседателот Ѓорѓе Иванов лично присуствуваше на свадбата на синот на Ибрахим Џеваир, сопственикот на Џеваир Холдинг. Ибрахим пак, на поставувањето камен темелник за изградба на висококатниците во Аеродром, покрај пофалбите, упати и неколку критики до Владата, тврдејќи дека треба да поработи на отстранување на пречките во законската регулатива кои се проблем за странските инвеститори. „Ја познавам компанијата, и знам што се имаат изградено и надвор од земјава. Тие се навистина заинтересирани за овој проект затоа што и пред да се објави тендер, доаѓаа  и тврдеа дека Сончев Град има предиспозиции да стане најелитната населба на Балканот“, додава Ѓорѓијоски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец