15 Мај, 2024
0.0267

Диамед Македонија: Сите центри за дијализа функционираат редовно, а пациентите ја добиваат неопходната здравствена нега

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Како што веќе веќе соопштивме на почетокот на ноември, сопственик на „Диамед Македонија“ е компанијата „Диаверум“ (Diaverum) од Шведска - водечки  независен провајдер на здравствни услуги за третман на бубрезите во Европа и еден од водечките во светот. Покрај во Македонија, компанијата „Диаверум“ нуди здраствени услуги и нега на 33 000 пациенти во 18 земји во Европа, Латинска Америка, Средниот Исток и Азија.

Компанијата „Диаверум“ одлучи да инвестира во Македонија преку аквизиција на приватната здравствена установа „Диамед Македонија“ која управува со девет центри за дијализа во Скопје и источниот дел на земјава и се грижи за повеќе од 670 пациенти во земјава. Предмет на аквизицијата беше целата здрвствената установа „Диамед Македонија“, чиј претходен 100% сопственик беше Вера Иванова.

Одлуката да инвестира во Македонија и во нејзиниот здравствен систем, „Диаверум“ ја донесе по повеќе од тригодишна темелна анализа на сите аспекти поврзани со функционирањето на системот за дијализа во земјава, како и на работењето на „Диамед Македонија“. Инвестицијата се споведе во крајно транспаретна постапка, во согласност со законите и процедурите на Република Македонија, за што беа соодветно запознаени и надлежните институции во земјата, меѓу кои Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата на Република Македонија.

Сите центри за дијализа со кои управува огранокот на „Диаверум“ во Македонија – компанијата „Диаемед Македонија“, функционираат редовно, при што пациентите во овие центри ја добиваат целокупната здравствена услуга и грижа. Компанијата ќе продолжи да работи на реализација на своите развојни планови во Македонија, со цел да понуди уште поквалитетна здравствена услуга за сите пациенти, согласно најсовремените светски тренодви и сопственото знаење и искуство. Во овој процес ќе продолжи да гради парнерски односи со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и државните институции.

Повеќе инфoрмации за „Диаверум“ на: https://www.diaverum.com/

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“