05 Декември, 2025
0.0465

Дијаманти и злато во сефот на Тито

Објавено во: Балкан 16 Април, 2013 10:17

Добивај вести на Viber

Предмети со брилијанти и дијаманти, над 2600 златници, девизи, 30 килограми злато, ова е само дел работите кои тежат во приватниот сеф на Јосип Броз Тито, пишува српскиот весник „Данас“. Минатата недела со присуство на комисија по 30 години беше отворен личниот сеф на Тито, во 11-те вреки што од 1982 година биле депонирани во сеф во Народната банка на Југославија, а сега на Србија се криело вистинско богатсво, пишува весникот. Сеуште е непознато од каде е потеклото на златото, едниствено дека било наменето за личните потреби на Тито и неговото семејство, доколку дојде до нескани состојби. На банката и било предадено богатството што не можело да се продаде на аукција или да се смести во музеј, така што при пописот направен минатата недела во сефот имало над 29 килограми злато во прав или прачки, 2663 златници, 149 предмети од злато украсени со дијаманти и брилијанти, што биле во сопственост на семејството Караѓорѓевиќ, 1271 монета со нумизматичка вредност, 18 сребрени сервиси, 25 предмети од злато и дијаманти  што биле запленети или  набавени со државни средства, 26 илјади американски долари, 36 илјади германски марки, дански круни, одликувања од српската династија, медаљони и други лични предмети со помала вредност.   Според весникот „Данас“ на списокот во 1982 година биле евидентирани и златни одликувања, спомен – плакети, штафетни палки и слични предмети кои не биле најдени во сефот на Народната банка. Пред два дена пак внуката на Тито Светлана Броз, изјави дека не се согласува со начинот  на кој е спроведен прегледот на сефот, односно дека не беше дозволено присуство на семејството, поради што таа најави дека е подготвена да се жали до Меѓународниот суд за правдата во Стразбур, бидејки според неа Николиќ се поставува себе си над судската власт.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии