ДИК ќе направи нови печати за старите кои исчезнаа од депото
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Од Државната изборна комисија велат дека повеќе од 40 печати фалат, но ќе се направат нови што нема да бидат идентични со исчезнатите.
Тврдат дека оние печати кои недостигаат не може да бидат злоупотребени.
Печатите ги снемало од депото што се наоѓа во касарната „Илинден“. Се работи за печати од избирачки места од Сопиште, Бутел, Брвеница и Липково.
Вчера овие 40 печати беа тема на расправа во ДИК. Паднаа и обвинувања дека истите се украдени.
На крај на расправата беше заклучено да се направи дополнителен попис на избирачкиот материјал за избирачките места каде што недостасува.
Од денеска ќе биде ставен на увид и прочистениот избирачки список. Увидот ќе трае до 11 ноември, а списокот ќе се заклучи на 21 ноември. Изборите се закажани за 11 декември.