Диме Спасов oстана должен: Не одговори на клучните прашања!
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
После неколку дена молк дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, како што соопштивме се појави во јавноста.
Сепак Диме Спасов на јавноста не и одговори што правел во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување?
-Зошто кога видел дека некој го следи, напаѓа и удира по возилото, не повикал полиција?
-Зошто избегал од полицијата, впрочем нели нејзина работа е да го заштити секој граѓанин од напад, ако се најде во негова близина?
-Зошто Спасов премолче за сопатничката во автомобилот, и дали таа ја потврдила неговата страна на приказната?
-Зошто првично, неговиот шофер се појави во станица и рече дека тој го управувал возилото?
-Зошто се криеше од јавноста и четири дена не се појави на работа?
-Дали бил во алкохолизирана состојба?
За овие прашања, јавноста сака да слушне одговори, и на крај да донесе заклучок дали да му верува или да не му верува на Спасов!
Да потсетиме...
Спасов рече дека го следеле криминалци, тропале по совозачките врати и се обидувале да ги отворат, што се разликува од верзијата на полицијата и од тие за кои Спасов тврдеше дека го бркале.
„Се обидов да бегам и да им избегам на напаѓачите. Бидејќи бев бркан следен од непознати лица продолжив да возам и зад Катастарот застанав. Таму излегов, забележав две возила како се паркираат од каде излегоа лица со оружје и лица кои ме нападнаа на две раскрсници. Се обидов да разговарам со луѓето со оружје во рака, наеднаш беше примената сила врз мене, беше вперено огнено оружје во мене. Со ништо не сум заслужил таков однос, да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти подоцна дојде полиција и напаѓачот со пиштолот се повлече. Многу лица дојдоа, и ако бев следен и ако два пати се обидоа физички да ме нападнат, заклучив дека се работи криминално-полициска конструкција, за местенка да го нарушат мојот углед и опасност имаше за мојот живот и затоа морав да го напуштам местото“, вели Спасов.
Тој вели дека со полициска местенка опозицијата сака да наштетни на неговиот интегритет, а исто така додаде и дека автомобилот на Агенцијата за вработување го користел со полномошно а за министерката Фросина Ременски упати низа критики обвинувајќи ја дека не му дала кабинети за користење во министерството.