БЕЧЕВ ЗА ФАКТОР: Ниту во Софија , ниту во Скопје бугарско -македонските односи не се приоритет
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Димитар Бечев, директор на Институтот за европски политики и доктор на науки по меѓународни односи, за Фактор го анализира првиот круг од претседателските избори во Бугарија. Бечев кој во моментов е во САД за нашиот портал се осврнува и исходот од изборната битка меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ
По победата на кандидатот на Социјалистичката партија генаралот Румен Радев е многу веројатно дека премиерот Бојко Борисов ќе поднесе оставка и со тоа ќе предизвика предвремени парламентарни избори за да го зголеми присуството на неговата партија ГЕРБ во Парламентот. Генаралот Румен Радев ужива поголема поддршка од Социјалистичката партија, објаснува Бечев. Бугарскиот аналитичар не очекува промена на политиката на официјалната Софија без разлика кој ќе биде избран за шеф на бугарската државата .
„Бугарија единствено можеби ќе го промени тонот во однос на Русија, но кон балканските соседи се ќе биде по старо“, проценува експертот по меѓународни односи .
На прашањето дали по завршувањеето на изброните циклуси во Бугарија и Македонија може да се очекува финализирање на Договорот за добрососедската соработка, Бечев со став:
„Ниту во Софија , ниту во Скопје бугарско -македонските односи не се приоритет“.
Без разлика на јавно изнесениот став на премиерот на Бугарија дека не сака ниту добар ден да му каже на поранешниот македонски премиер, нашиот соговорник вели :
„Борисов нема да има ништо против, еден ден повторно да седне на преговарачка маса со Никола Груевски“.
За докторот по меѓународни односи на Харвард универзитетот кандидатот за претседател на САД, Хилари Клинтон е подобра опција за разлика од нејзниот ривал Доналд Трамп, бидејќи таа има тесна соработка со Европа и земјите од регионот. Но, Димитар Бечев проценува дека Балканот нема да биде меѓу приоритетите на новата американска администрација, туку односите со Русија и војната во Сирија.