05 Декември, 2025
0.2746

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Објавено во: Економија 05 Декември, 2025 14:07

Добивај вести на Viber

Во Собранието е поднесена Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите, а министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека тоа не се прави дека нема пари во Фондот за здравство за исплата на породилното отсуство.

- Јас не знам дека се доцни за породилно два месеци, ниту пак имам таква информација. Напротив, Фондот за здравство секогаш дава приоритет на исплата на овие средства. Секогаш некој може да каже нешто дека на него лично му се случува.Можеби тоа е некоја родилка што тукушто се породила, па поради процедурата со документиоте може да се доцни месец,или два. Треба да ги видиме оние другите кои што се во систем, па да видиме дали им доцни или не., рече министерката.

Димитриеска-Кочоска додаде дека вообичаено е на крајот на една година да се направи прераспределба на средства од буџетот и дека поголем дел од средствата од 200 милиони евра што ќе се пренаменуваат, ќе оди за „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен