Димитров: Ердоган ќе ни испрати помош
Објавено во: Македонија 06 Април, 2020
Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на денешната заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, ќе испрати помош за Македонија во справувањето со епидемијата.
- Реџеп Таип Ердоган денеска не извести за помош во маски, заштитни одела и тестови. Денеска тоа официјално ќе се најави. Разговарав со Шведска за поддршка за малите и средни компании, како и со колегата од Берлин, Михаел Рот, кај кого испратив листа на консолидирани потреби, рече Димитров.
Тој рече дека во наредниот период очекува да се развијат и македонските капацитети за производство на маски и средства за дезинфекција
- Вирусот нема национална припадност, не може да се порази во една земја, а да остане во соседната, додаде Димитров.
За помошта од Кина тој рече дека Македонија добила политички позитивен одговор за помош во респиратори и друга опрема, но и дека најмногубројната земја е преплавена од барања од целиот свет
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.