Димитров го извести грчкиот колега дека Договорот е ратификуван
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2018
Министерството за надворешни работи денеска ќе испрати нота до грчкото МНР, со која ќе ги извести дека Договорот е ратификуван во Собранието, потврдија за МИА од македонското МНР.
Грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.
Спикерот, Талат Џафери го потпиша и го достави Законот за ратификација на Договорот на потпис кај претседателот, Ѓорге Иванов.
Тој има рок од седум дена да одлучи дали ќе го потпише Договорот, кој во неделата во Псарадес го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.