СЕ ОГЛАСИ ИМЕРЛИЈЕ САЛИУ, ПРВАТА ПРАТЕНИЧКА СО ХИЏАБ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: „Ајде сите да внесеме нов дух во политиката“
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024
По информацијата дека ВРЕДИ влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, и по информацијата дека македонскиот парламент ја доби првата пратеничка со хиџаб, се огласи токму таа, Имерлије Салиу за изборните резултати.
„Драги пријатели, пријатели и семејство, браќа и сестри, поддржувачи и политички активисти, жени и девојки и сите ВАС кои воопшто не се двоумевте да дадете поддршка за време на оваа изборна кампања, благодарение на секој еден од вас, бескрајно сум ви благодарна.
Вашата поддршка на овие избори беше мојата сила и се надевам дека ќе бидам вашиот глас во СОБРАНИЕТО на РСМ за доброто на оваа држава.
На повикот да се направи ПРОМЕНА на овие избори сите ВИЕ одговоривте со 107.000 легитимни чисто албански гласови.
Коалицијата Вреди и лидерите на оваа коалиција се надминаа себеси во секој предизвик кој во никој случај не беше лесен и ја направија реалност желбата на Албанците да бидат заедно.
Ајде сите заедно да внесеме НОВ дух во политиката со принципи и високи вредности на ДОСТОИНСТВО, СКРОМНОСТ, ИСКРЕНОСТ и ЗАСРЕДНОСТ“, напиша таа на фејсбук.