ДИМИТРОВ МОЛЧЕШЕ 16 СЕКУНДИ ЗА ДА ДОЛОВИ КОЛКУ СЕ ДОЛГИ НАШИТЕ 16 ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ - друга земја не може да ни каже како се чувствуваме
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021
Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и кој јазик го зборуваме, бидејќи не е добрососедство, ако тоа му се прави на својот сосед, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во обраќањето на покана на претседателот на ПССЕ, Рик Даемс, што се одржа пред дискусијата за демократските предизвици и европските аспирации на Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа, Димитров зборуваше за европските интеграции на земјата, за жртвите кои ги направи и разочарувањата од блокадата и два пати повтореното вето на Бугарија Вицепремиерот притоа нагласи дека „спорот“ со Бугарија не е територијален, туку за различната интерпретација на историјата, потсетувајќи притоа на симболичноста на Советот на Европа и Стразбур и на европските вредности кои се залагаат за различност и почитување на идентитетот и јазикот на секого. Она што беше интересно е што со 16 секунди молк за 16-те години потрошени како земја кандидат за членство во ЕУ, Димитров го почна својот говор пред парламентарното сбрание на Советот на Европа, каде што се обрати како специјален гостин на есенската сесија.
„Не си ја заборавив мислата, ова беа 16 секунди, што се видоа долги, па можете да доловите колку долги изгледаат 16-те години за мојата земја што е од 2005 кандидат за членство. Северна Македонија покажа посветеност кон постигнување на суштински промени за европско уредување дома, но и зрелост и одлучност на вистински европски партнер, што ги разбира различните позиции и ги претвора во прифатливи решенија, затоа што ја споделуваме оваа визија за обединување на Европа. Наметнатите пречки на патот кон ЕУ од страна на Софија не се територијални, реформски, туку историски и јазични и директно засегаат во нашата идентитетска определба, но и во она што е душата на Европа и европскиот идентитет и имаат реални импликации во однос на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот и континентот. Во 21-от век во Европа, прашањето на мојот мајчин јазик не смее да биде во судир со напредокот на државата кон членство. Не, ако Европа е континент каде се почитува културната и јазична шареноликост, како што стои во Лисабонскиот договор“, рече Димитров.
Кој сум јас и каков јазик зборувам не се прашања на кои може да се дозволи кој било друг да има право на збор, додаде тој.
„Тоа е лично мое прашање. Во една демократија, твојата држава не може да ти каже како се чувствуваш, а камоли некоја друга земја или организација“, порача Димитров.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.