ДИМИТРОВ: Од денес ги имаме САД и уште 28 земји членки како сојузник
Објавено во: Македонија 27 Март, 2020
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс во МНР го означија последниот чин од формализирањето на нашето членство во НАТО кое се случи во Вашингтон.
Димитров рече дека им оддава признание на сите кои беа вклучени во процесот.
Министерот рече дека во овој момент стануваме 30-та членка на НАТО.
„Од денес ги имаме САД и уште 28 земји членки како сојузник“, вели Димитров.
Тие наместо да се ракуваат, ги допреа лактите, што стана препознатлив поздрав во светот по појавата на епидемијата со коронавирусот.
Димитров рече дека нашето зачленување во НАТО се случува во време кога светот се бори со коронавирусот, најголема криза по Втората светска војна.
Македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато в понеделник во Брисел пред седиштето на НАТО.
Денеска во 18:00 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија по повод приемот во НАТО, информира Генералштабот на Армијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.