Димовски го посети капацитетот за преработка на костен „ДРА-ГО“
Објавено во: Агробизнис 29 Ноември, 2012
На вкупно 63 одгледувачи на костен минатата година државата им исплати 2,5 милиони денари поддршка. Годинашните субвенции за хектар јаткасти овошни култури, вклучувајќи и новоподигнати насади костен, изнесуваат 50.000 денари, а за постоечките површини под ореви, бадеми, лешници и костени се 15.000, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на стопанскиот капацитет за преработка на костен „ДРА-ГО“ во Кичево.
Според него, Македонија моментно располага со 139 хектари култивиран костен. Одгледувањето на оваа култура, која има низа позитивни карактеристики, носи и добра заработувачка.
- Ретко на која домашна трпеза не се нашол познатиот и признат по квалитет македонски костен. Неговото одгледување има многу позитивни страни, долговечен е, достигнува и над 500 години старост, има одлична родност, мал број природни непријатели (болести и штетници), а доколку се одгледува во поволни еколошки услови не мора да се третира со никакви заштитни средства, истакна министерот.
Оваа благородна овошка, додаде, освен на македонскиот пазар, се пласира и во странство. Компаниите кои ги откупуваат костените ги пласираат главно во Романија, Бугарија и Италија, каде што се користат пред се во кондиторската индустрија.
Преработувачкиот капацитет во Кичево, единствен од ваков тип на поширокиот простор на Балканот, е сопственост на Гоце Миладиноски. Тој, како што изјави, дел од преработките извезува, главно во Унгарија, а од другиот дел прави костеново брашно. Како суровина најмногу користи костени од Македонија кои ги откупува од четирите пункта, во реонот на Тетово-Гостивар, во Бродско, Дебарско и Кичевско.
- Капацитетот на објектот е 1.000 килограми на час. Годинава ќе преработиме околу 800 тони свеж костен. Моментно имаме 350 тони од кои направивме 60 - 70 тони готов производ. Првиот извоз е реализиран пред една недела, а наредниот е закажан за понеделник. Со костени се снабдуваме од домашно производство, но и увезуваме, засега само од Грција. Преговараме и со Албанија, а може ќе почнеме увоз и од Турција, рече Миладиноски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.