09 Октомври, 2024
0.1594

Димовски ќе се сретне со Симовски и ќе бара одложување на пописот

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

За директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски, кој денеска треба да се сретне со тимот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од пратеникот Илија Димовски, е неприфатливо пописот да се одложи за 2021 бидејќи е потребен што е можно порано поради планирање на економските политики.

Директорот на заводот за стистика Симовски за Канал 5 вели дека тој може да разговара за стручниот дел , а политиката вели ќе ја остави на политичарите.

Наместо во 2020, како што предвидува предлог-законот, бара да се одложи за една година подоцна, за да се запазат, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, препораките од Еуростат, но и да се формира државна пописна комисија. 

Димовски денеска ќе се сретне со директорот на државниот завод за статистика, Апостол  Симовски. Средбата  ќе се одржи во собрание, а Димовски во име на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги презентира забелешките на опозицијата на законот, кој што СДСМ и ДУИ го пратија во Собрание. 

- Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Не се мали, напротив, но се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Еуростат. Само таков попис може да биде попис кој ќе биде од корист на сите, порача на Твитер денеска Димовски.

Пописот, како што рече премиерот Зоран Заев мора се одржи догодина, а ќе се спроведе по стандарди на ЕВРОСТАТ. Опозицијата, пак, не го прифаќа предложеното решение за пописот, со оценка дека тоа е штетно, неевропско и не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население. По ваквите спротивставени ставови, беше прекината и седницата на собраниската комисија која требаше да расправа по предлог-законот, заради дополнителни консултации, а беа најавени разговори за усогласување на ставовите на власта и опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл