05 Декември, 2025
0.0633

Димовски: Мора да се среди ситуацијата со „Винеа“

Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2013 13:03

Добивај вести на Viber

Ситуацијата со „Винеа“ мора да се среди, ова денеска го изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски и додаде дека  Министерството стои зад барањата на лозарите кои го предадоа родот во винарската визба „Винеа“.

Визбата, согласно Законот за вино,  до МЗШВ доставила нотарски заверена изјава дека ги има подмирено обврските кон производителите. Сопствениците сега, рече министерот, треба да бидат одговорни и она што го имаат ветено, да го реализираат.

-  Сега имаме чиста ситуација, сопственикот се обврзува дека ќе го исплати грозјето. Ќе се потрудиме динамиката да биде согласно барањата на производителите. Министерството веќе постапува според ингеренциите и предметот се процесуира, напомена Димовски по јавната расправа за Предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.

Тој нагласи дека е  постојано е во комуникација со лозарите.

– Цело време соработуваме. И кога беше критична ситуацијата во врска со погрешниот начин на купопродажба на визбата со потценувачки ниска цена која не гарантираше дека производителите ќе бидат обештетени, активно се вклучивме со цел нејзино разрешување, потенцира министерот.

Воедно потсети дека измените на Законот за вино ги обврзува сите откупувачи да ги исплатат количините до 30-ти април.

– Отстапки нема да се прават. Напротив, критериумите се уште позаострени. Ред мора да има, дециден е Димовски.

„Винеа“ е последната винарска визба што има обврска кон лозарите. Независно колкав е долгот, тоа, рече ресорниот министер, е единствена сума што не им е исплатена на лозарите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?