20 Декември, 2025
0.1723

Димовски обвинува за ароганција, а Шеќеринска вели дека им е тешко да признаат пораз

Објавено во: Македонија 27 Март, 2017 16:05

Добивај вести на Viber

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, денеска во Собранието  ги обвини пратениците од СДСМ за арогантност. 

Вели дека изминатите денови повикувале на дебата, а сега се изолирале од неа.

„Проблемот е што СДСМ не сакаат да дебатираат за Законот за јазици, за Платформата и јасно и отворено да одговорат за други работи“ - вели  Димовски.

Тој појасни дека тоа што СДСМ го поддржале со 20 потписи Талат Џафери да биде кандидат за собраниски спикер, не значи дека во продолжението на седницата други дваесет пратеници нема да предложат и други кандидати.

Тешко му е на Трајко Вељаноски да ја напушти фотелјата која ја држи незаконски исто како и Емил Димитриев,  рече пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Тешко му е и на Никола Груевски, па затоа одејќи за Малта, бара амбасадори да го дочекуваат по аеродроми во Истанбул, додава таа. 

„Десет години навикнаа да бидат Господ и сега им е тешко џентлменски да го признаат поразот.  Сега ви дадоа вам улога да се брукате за неколкумина да се спасат од правдата поради своите милионски криминали“ - рече Шекеринска.

Таа рече дека претходно Груевски не се дистанцирал од платформата на албанските партии која уште ја нарекуваат и Тиранска платформа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки