Димовски: Патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери
Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 19:22
Дека патот кон ЕУ не е поплочен со добри намери и дека Македонија добива шлаканици, пишува на социјалните мрежи, екс пратеникот Илија Димовски.
Тој образложува на што го темели овој став. Вели едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија.
„Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија и да се крсти "Иван Михајлов"... Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов" и да го отвори премиер на Република Бугарија... Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов", да го отвори премиер на Република Бугарија, а токму тој премиер (исто како и неговите претходници) да не признава постоење на македонско малцинство во Бугарија и засебност на македонскиот народ низ вековите наназад... ...Едно е да се отвори бугарски културен центар, но друго е тој да се отвори со пари од Република Бугарија, да се крсти "Иван Михајлов", да го отвори премиер на Република Бугарија кој (исто како и неговите претходници) не признава постоење на македонско малцинство во Бугарија и засебност на македонскиот народ низ вековите наназад, а токму тој премиер и неговата Влада да не дозволат преговори за членство на Република Македонија во ЕУ под изговор за непочитување на малцински и човекови права...“, пишува Димовски. Инаку, Бугарија до јуни нема да го тргне ветото за Македонија и нагласија дека дотогаш Македонија не може да го отвори Уставот и да ги внесе Бугарите. Соседна Албанија се изјасни дека ќе бара раздвојување од Македонија. 
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




