02 Декември, 2024
0.0261

Димовски се сретна со лозарите, утре ќе решат кога ќе им бидат исплатени парите

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска се сретна со лозарите кои веќе неколку дена протестираат на патот Градско - Прилеп кај Росоман, барајќи да им бидат исплатени парите за предаденото грозје за неколку години од страна на винарската визба „Винеа“. Тој со лозарите се договори утре да одржат заеднички состанок во Скопје на кој покрај нивни претставници ќе присуствуваат и претставници од „Винеа”, но и од државниот инспекторат за земјоделство. На состанокот треба да биде договорена динамиката за исплата на грозјето. “Дополнително се обврзувам како министер да инсистирам субвенцијата за лозарите да има приоритет при исплатата од страна на платежната агенција односно министерството за финансии. Во целост стојам зад лозарите“, рече Димовски пред лозарите. Запрашан како министерството дозволило „Винеа” да откупува грозје без да има платено околу 600 илјади евра за претходно откупен род, Димовски рече дека во процедура е проверка на нотарски заверените изјави што ги потпишуваат винариите дека го имаат исплатено откупеното грозје. „Винариите потпишуваат нотарски заверени изјави дека  го имаат исплатено откупеното грозје. Тоа е документ согласно со законот. Сега е во  процедура проверка на таквата изјава. Повод за тоа ни е револтот на лозарите кои имаат побарување за неплатено грозје. Си постојат надлежни органи кои сето тоа ќе го проверат. Ако некој се огрешил, ќе си одговара“, изјави Димовски  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.