Добивај вести на Viber
Евидентно зголемениот квалитет на грозјето во изминативе години драстично се одрази врз пласманот на виното и неговото позиционирање на странските пазари. Оваа година очекувам богата, многу квалитетна реколта грозје и исклучителено успешен пласман на домашното вино, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој денеска присуствуваше на традиционалното закројување лозови насади по повод празникот Св. Трифун во селото Курија, Неготинско. Димовски напомена и оваа година ќе биде навистина успешна зборува податокот според кој целата извозна квота од Македонија за ЕУ е исполнета уште на 4 февруари.
„Ова меѓу другото е резултат и на владината поддршка, обезбедувањето учество на светските саемски манифестации, на претставувањето на македонското вино пред пребирливите купувачи во Кина, Русија, Германија... Допрва се очекува склучување сериозни договори за испорака на флаширано македонско вино за кое лани исто така беше исполнета квотата за извоз во ЕУ“ истакна Димовски.
Индикатор повеќе за квалитетот на македонското вино е извозот во 2011 што беше најголем во споредба со претходните 20 години. Во 2012, пак, она што беше зголемување за 38 отсто во 2011, порасна за дополнителни 12 проценти.
„Целта на Министерството е што повеќе да го поттикнува овој сектор пред се поради две клучни причини, социјалниот аспект, но и економските ефекти“, нагласи Димовски.
Според него, при креирањето на поддршката Владата одвои значителни средства за подигнување нови насади трпезно грозје, но, сепак, основната политика останува фокусирана на винското.
„Навистина можеме да бидеме задоволни од досега сработеното. Во соработка со производителите и винарските визби ги премостивме и непријатните ситуации кои се случуваа изминатиот период“, рече министерот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.