Димовски:Домашното млеко безбедно
Објавено во: Агробизнис 22 Февруари, 2013 12:28
Во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Тоа, според него, го потврдија сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории.
- Контролите се вршат редовно, секој ден од страна и на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интензивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Димовски, одговрарајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектот за поголемо произвдство на ориз.
Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко кое содржи какви било штетни материи.
- Освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави. Се врши контрола на секој увоз на земјоделско-прехранбените производи воопшто за да се заштита здравјето на домашните потрошувачи, истакна министерот Љупчо Димовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





