Дино Мерлин за Нова Година со концерт на Плоштад Македонија
Објавено во: Стил 17 Октомври, 2019 12:17
Градоначачникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ја најави балканската легенда Дино Мерлин како настапувач на новогодишната прослава на Плоштад Македонија во Скопје.
Претходно, проструи информацијата дека Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на легендарната група „Бјело дугме” и планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.
Иако празникот е на 13 Ноември, настанот е предвиден за 17 ноември.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата




