Дипломатите повикаа на продолжување на прекинот на огнот
Објавено во: Свет 26 Јули, 2014 19:21
Шефовите на дипломатиите од САД, Европа и од Блискиот исток денеска повикаа на продолжување на 12-часовниот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас и појасот Газа.
„Сите ние ги повикуваме сите страни да го продолжат хуманитарниот прекин на оган кој е во тек“, им рече министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабијус на новинарите после состанокот на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Катар, Турција и САД.
„Сите ние сакаме да постигнеме, што е можно порано, одржлив прекин на огнот со преговорите, кој одговара и на потребите на Израел во однос на безбедноста и на палестинските потреби во однос на социјално-економскиот развој (Газа) и пристап на територијата на Газа“, објасни Фабијус. Министрите се состанаа во Париз заедно со високиот дипломат на ЕУ Пјер Вимонт на денот кога Израел започна со 12-часовниот прекин на огнот во текот кога војската продолжила да бара тунели кои ги користат екстремистите, наведува Ројтерс.
Исламистичкото движење Хамас најави дека сите палестински фракции ќе го почитуваат ова кратко примирје.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




