19 Април, 2024
0.0290

Директно од Киев со Дениз Ганза: Моите луѓе умираат, моите населби се уништени

Објавено во: Интервјуа 02 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Нема безбедно место во Украина. Украинците веќе не ги ни бројат деновите од почетокот на воената инвазија на руските сили. Директно од Киев разговараме со Денис Ганза, основач на „Платформата за јавна дипломатија“. Ганза за Фактор.мк сведочи дека ситуацијата е многу опасна, постојано има бомбардирања, вклучувајќи и цивилни мети. Смета дека заканата не е само врз Украина, туку и врз цела Европа и слободниот свет.

Каква е ситуацијата во Украина, дали е во опасност цивилното население, како се одвива едно секојдневие на улиците?

Ганза: Моменталната ситуација Украина е опасна, се води вистинска војна. Веќе не ги броиме ни деновите. Целото цивилно население е во опасност, не постои безбедно место во Украина. Но, се справуваме некако. Повеќето цивили постојано работат за да ја добиеме војната, со помош на армијата, со активности на дигиталниот и информацискиот фронт. Се е посветено на борбата и преживувањето.

Украинскиот народ покажа храброст во пружање отпор на инвазијата. Западните сојузници ветуваат помош во воена опрема и финансии. Што и е сега неопходно на Украина да одолее на окупацијата?

Ганза: За да оддолееме на окупацијата ни е потребна постојана поддршка од вас. Ве молиме блокирајте ја Русија, не соработувајте со руски бизниси. Ова не е само наша војна, ова е војна против демократијата, против слободниот свет. За да ја сопрете Русија треба да сте посветени 24/7. Тие сакаат да го возобноват Советскиот сојуз, па тогаш да им го „овозможиме“. Престанете да им испраќате западни брендови на храна, облека, не следете ја нивната култура. Вина има и кај Русите кои го поддржуваат Путин, па затоа испратете им ги сите видеа кои треба да ги видат и поттикнете ги да излезат на протест за стопирање на војната.

Дали е на повидок голема хуманитарна криза, колку бегалци досега побараа прибежиште во околните земји, има ли недостиг на храна, лекови, санитетски материјали?

Ганза: Секако се соочуваме и со хуманитарна криза, досега над 350.000 бегалци излегоа од границите кон соседите, но имаме и луѓе кои се враќаат. Во однос на недостиг на храна и материјали се зависи од регион до регион, таму каде нема интензивно бомбарирање испраќаат помош. Јас сум моментално во Киев, имам се што ми е потребно, храна, вода, интернет. Но, во мојот роден град Каркив е навистина тешка состојбата. Луѓето имаат по еден оброк на ден. Поради постојаното бомбардирање, вклучувајќи и цивилни области, многу е тешко да им се испрати хуманитарна помош.

Зеленски побара итно зачленување на Украина во Европската Унија. Сметате ли дека добивате доволна поддршка од Западот и можна ли е евроатланска интеграција на земјата, дали тоа ќе го влоши или сопре конфликтот?

Ганза: Благодарни сме на сите партнери кои веќе испратија помош од милијарди долари, илјадници парчиња опрема, хуманитарна помош и итн. Доволно ќе биде само кога ќе сопре војната, а се дотогаш треба да продолжи соработката. Ние за ова се бориме веќе осум години, војната сега само достигна целосен опфат. Ние се кренавме и нема да сопреме додека не си ја вратиме слободата. Не се бориме само за опстанок, туку и за нашите вредности, Русија никогаш нема да сопре, без разлика дали сме неутрални, членки на ЕУ или НАТО. Се додека на власт е режимот на Путин, сите се во опасност, секоја држава може да биде следна, тој и се заканува на цела Европа.

Каква порака би испратиле до Русија и рускиот народ, инвазијата се води под изговор за денацизација и демилитаризација на Украина, постои ли таков вид на закана кон вашиот сосед?

Ганза: Веќе разговарав со неколку луѓе од Русија. Мојата главна порака е дека сега имаат можност и тие да се ослободат од Путин. Не е доволно само да се протестира на социјалните мрежи и интернетот, треба да се излезе на улиците и да се борите за достоинството на сопствената земја. Руските војници веќе направија доволно штети. Тоа ќе има последици и врз рускиот народ. Русите ќе немаат економија, пари, повеќе ќе нема Кока Кола, бургери, Нетфликс и Порнхаб, ќе немаат ништо. Колку повеќе рускиот народ чека да направи одлучна акција, толку помали шансите се да им простиме. Моите луѓе умираат, моите населби се уништени, мојот живот е целосно променет засекогаш. Проклето направете нешто. 

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“