26 Јуни, 2024
0.0947

Директорката на Централен регистар: „Цар Борис Трети“ непрописно поднел барање за промена на името

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Откако централниот регистер претходно ја информираше јавноста дека бугарското здруќение со иритантен назив „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името заради запазување на законскиот рок да избегне бришење, сега директорката Марија Бошковска Јанковски вели дека апликацијата била непрописно поднесена.

Тоа според директорката на Централен регистар, како што рече таа во „Студио 10“ на Телевизија 24, најверојатно е направено „за да купи уште време“ по истекувањето на рокот пропушан со измените на Законот за здруженија и фондации.

„Во врска дали овие споменати здруженија поднеле пријава за промена на име - за „Иван Михајлов“ не е поднесена пријава за името, додека за “Цар Борис Трети“ на 10 февруари е поднесено барање со допис за усогласување со новиот Закон за здруженија и фондации и не е наведено ништо друго. Тоа не ја задоволува законската процедура за менување на име. Сепак отворен е деловоден број и информирано е дека треба да постапи соглансо Законот - да достави пријава и пропратна документација за да го изврши усогласувањето. Ова е можеби купување време, но ако достават пријава како што треба, ќе биде информирано Министерството за правда да почека“,изјави Бошковска Јанковски денеска во студиото.

Таа информираше дека до новоформираната Комисија во Министерството за правда се доставени за проверка на имињата на сите 17.000 регистрирани здруженија во Македонија.

Од Централниот регистар и натаму се чека на првиот одговор од Министерството за правда за тоа дали треба некое здружение да згасне.

- Испратена е комплет документација, а генерално статутите и програмите се речиси идентични кај сите здруженија, нема некоја разлика. Сите се земени од базата во Централниот регистар. Од сега понатаму за сите нови ќе бараме мислење од Комисијата па потоа ќе го запишуваме името , односно ќе го регистрираме, додаде Бошковска Јанковски.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра