05 Декември, 2025
0.0511

Директорот на руски Гаспром во Македонија, што се случува со „Јужен тек“?

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2013 20:33

Добивај вести на Viber

Директорот на руската енергетска компанија Гаспром, Алексеј Милер денеска допатува во посета на Македонија, по што следеше средба во Владата со премиерот Никола Груевски. Темата била  договорот за Јужен тек и реализацијата на кракот од гасоводот. Како што соопшти владата, на средбата било разговарано за анализите од ефикасноста на гасоводот, односно било оценето дека со неговата изградба ќе дојде до зголемена потрошувачката на гас во Македонија, а тоа ќе донесе поевтинување на гасот. Во соопштението уште стои дека Милер истакнал дека Македонија е влезена во развојните планови на компанијата и  има интерес да ја разгледа можноста и за други инвестиции во земјава. Од друга страна пак, премиерот го информирал Милер дека наскоро се очекува склучување на договорот со руски  Строј Транс Гас , за и конкретно да започне поставувањето на цевките за гас на македонска територија со што ќе се овозможи пристап до гас за индустријата и домаќинства во земјава. Договорот со Руската Федерација, Македонија го потпиша на 23-ти јули во Москва, а двете страни оценија дека тој е добра основа за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји. Со договорот се обезбедуваат сигурни количини гас за Македонија, што значи дека ќе се изгради крак кој ќе води кон земјава, што е единствен начин на дистрибуција на поголеми количини гас. Кракот кон Македонија ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што доплнително ќе биде договорено. Договорот е основа за натамошен развој на гасификацијата во Македонија, а значаен е и за економскиот развој на земјата бидејќи во иднина сите домаќинства и индустриски капацитети ќе можат да имаат пристап до природен гас. Инаку денеска беше објавено и дека компанијата Гаспром во првиот квартал оствари приход од продажба на гас во износ од 43,9 милијарди долари и профит од 20 милијарди долари со што ги надмина очекувањата на аналитичарите.Забележан е раст на сите главни индикатори во Гаспром, додека европскиот пазар за гас продолжува да зајакнува, а резултатите од првото тромесечје во 2013 година, покажаа континуирана позитивна долгорочна побарувачка за рускиот природен гас.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите