Директорот на земјоделската платежна агенција Стоилев изведен пред судија,му биле ветени 50.000 евра мито
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 13:12
Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, кој вчера беше уапсен, денес од полициска станица е изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд, каде што ќе треба да му се одреди дали ќе добие притвор.
Според првичните инфомрации од МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Стоилев е осомничен за земање мито од пет илјади евра за тој да го забрза процесот на исплата на европски пари кои ги распределува Агенцијата. Во акцијата биле извршени претреси на повеќе локации низ државата, а приведени се уште неколку лица.
Соопштено е дека се уапсени пет лица, од кои еден сопственик на фирма давал мито, еден го примил, а тројца посредувале. Сите петмина се осомничени, ана Стоилев му биле ветени 50.000 евра.
„Првоосомничениот – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени“, соопшти ОЈО ГОКК.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје истата со Решение да ја определи за сите осомничени.
Земјоделската платежна агенција е една од државните институции кои располагаат со најмногу пари. Дели субвенции за земјоделците од државниот буџет и доделува проекти со пари од ИПАРД-програмата на ЕУ.
За случајот реагираше опозициската СДСМ. Според партијата, апсењето било показател за корупција во земјоделието. Од таму сметаат дека станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот.
„Фокус“ вчера објави дека поранешниот министер за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ во владата на Љубчо Георгиевски, Џевдет Насуфи од Струга, е тој што го пријавил директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за земање мито,
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




