Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2025 13:55
Кривичнот суд Скопје потврди дека екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, ќе биде осум месеци на условен отпуст.
„Заради интерес на повеќе претставници на медиумите околу Условниот отпуст на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека:
На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година.“ – информираат од Кривичниот суд – Скопје
„Односно од 7 годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.“ – додаваат тие.
Можеби ќе ве интересира
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери




