07 Декември, 2025
0.0794

Директорски влог во Комерцијална банка - Хари Костов си купи 500 акции

Објавено во: Финансии 13 Март, 2018 08:25

Добивај вести на Viber

Главниот директор на Комерцијална банка АД Скопје Хари Костов, преку личен пример, се обидува да покаже дека акциите на оваа банка се вредни и треба да бидат на радарот на инвеститорите со цел се зголеми тргувањето и самата вредност. Директорот Хари Костов откупи поголема количина на обични акции со право на глас, по што на самата берза видливо е и мало раздвижување со хартиите од вредност на Комерцијална банка кои се во оптег.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“ соопштија од банката преку Македонска берза.

На последниот ден на тргување, вложените триесетина илјади евра на Хари Костов во преземањето на петтстоте акции на Комерцијална банка дадоа и одреден резултат.

Вчера, акцијата на комерцијална банка АД Скопје достигна вредност од 3.818 денари, а беше истргувана вкупна количина од 3.265 акции. Вкупниот промет на Македонска берза. понеделнички со акциите на Комерцијална банка АД Скопје изнесува 12,4 милиони денари или нешто над 200 илјади евра. 

Со тоа Комерцијална банка го достигна речиси нивото на највисоко поставена цена во последната година од 3.928 денари и направи скок на мининалната цена од 3.799 денари со која го започна вчерашниот ден.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција