19 Декември, 2025
0.0818

Дирекцијата за внатрешна ревизија реализирала 23 ревизии

Објавено во: Економија 24 Март, 2016 13:43

Добивај вести на Viber

Лани беа извршени вкупно 22 редовни ревизии и една вонредна ревизија, при што беа дадени вкупно 54 препораки. Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ја одржа својата трета седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2015 година. Беше заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата програма за работа. Внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели, преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа. Во текот на 2015 година, беа извршени вкупно 22 редовни ревизии и една вонредна ревизија, при што беа дадени вкупно 54 препораки. На редовна квартална основа се следеше спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на високо ниво на остварување. „На денешната седница на Советот на Народната банка беше донесена и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Измените и дополнувањата се однесуваат на трансакциите со деривативните инструменти на пазарот преку шалтер. Домашните банки ги користат трансакциите со деривативни инструменти на пазарот преку шалтер првенствено за потребите на управувањето со валутниот ризик и за потребите на управување со нивната девизна ликвидност. Досега, ваков вид на трансакции, домашните банки можеа без ограничување да склучуваат само со нивните матични банки, а со измената на одлуката, како друга договорна страна на домашните банки при склучувањето на ваквите трансакции, слободно ќе може да се јави било која друга странска банка. На овој начин, ќе се овозможат предуслови за подобрување во процесот на управување со ризиците од страна на банките и нивна поголема флексибилност во настапот на девизниот пазар“-стои во соопштението од Народна банка. Советот денеска разгледа и други прашања од својата надлежност.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар