19 Декември, 2025
0.0422

ДИЗЕЛОТ ВО САД И ВО ЕВРОПА И ГО НЕМА И ЌЕ ПОСКАПУВА, А ПЛУС Е И ШТЕТЕН - зошто би влегол во игра за загревање на топланите

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2022 07:16

Добивај вести на Viber

Од власта и вчера немаше официјална информација дали е набавен гас за после 15 ноември оваа година, за загревање на топланите Исток и Запад, кои, пак, треба да обезбедат топлинска енергија за над 60 илјади скопски домаќинства.

Прашањата кои Фактор ги достави и до Владата, и до ЕСМ, а во кои бараме официјален коментар како ќе се загреваат топланите после две недели, дали е набавен гас, и, што е уште поважно, дали и натаму е во игра опцијата доколку не се обезбеди тој енергенс, да се прибегне кон употреба на дизел горивото, се уште не се одговорени. Веднаш штом ги добиеме одговорите, ќе ги објавиме во целост.

Во нивно очекување, пак, треба да се наведе дека објаснувањето на ЕСМ беше оти во услови на вакви промени на цените на природниот гас на берзите, било поисплатливо да склучуваат краткорочни, наместо долгорочни договори за набавка на овој енергенс.

Практично, од Владата се уште нема дециден демант дека и после 15 ноември, не би можел да влезе и дизелот во игра за функционирање на топланите Исток и Запад.

Во домашната јавност, пак, која убаво ги памети годините во кои загаденоста на воздухот во Скопје беше екстремно висока, со право се поставува прашањето - што би донело евентуалното загревање на топланите со дизел, но и дали надлежните доволно размислуваат за здравјето на граѓаните, поради штетноста на употребата на овој енергенс и големото аерозагадување што тој го носи со себе.Тоа е докажано и низ многу студии, и било какви бизнис интереси не можат да бидат посилни аргументи наспроти тој факт.

Исто така, ако се земат предвид сегашните движења на пазарот и цените, и кога е јасно дека поисплатливо е топланите да работат на гас, отколку на дизел гориво, дилемата е зошто воопшто се размислува и се споменува како опција користењето на дизел горивото.

Она што треба да се знае во овој контекст е и фактот дека и Европската Унија, а и САД, се подготвуваат за нов бран на поскапување на дизел горивото, па затоа би било навистина зачудувачки доколку државата се одлучи да ги загрева скопјани преку користење на тој енергенс. Врз основа на можното поскапување на дизелот во Европа, доколку власта навистина прибегне кон користење на овој енергенс, би се поставило прашањето дали таа свесно влегува во поголеми трошоци во време на криза, со оглед што логично е дека дизелот би се користел или од државните резерви, или би се плаќал од буџетски средства.

Инаку, светските медиуми веќе наголемо јавуваат дека цените на нафтата би можеле да се зголемат во 2023 година, но и дека кризата со дизелот всушност претставува поголема закана. Она што е факт е дека и резервите на нафта, како и на дизел, практично лебдат близу рекордно ниско ниво.

Американската енергетска информативна администрација ЕИА претходно овој месец предупреди дека САД имаат резерви на дизел за само неколку недели. Според тие предвидувања, цените на нафтата би можеле да се искачат на 100 долари оваа година и да се тргуваат над 120 долари во 2023 година. Ова е од причина што пристигнува претстојната непредвидлива зима, додека залихите на енергија се намалуваат, вели врвната аналитичарка Амрита Сен од Energy Aspects. Но, и таа нагласува дека недостигот од дизел е се погорлив проблем.

„Очекуваме цените на нафтата да се искачат до 100 долари до крајот на годината и да се тргуваат по 110 и 120 долари во поголемиот дел од следната година“, изјави Сен, додавајќи дека студената зима може да донесе најголем нагорен притисок на цените.

Според неа, залихите на нафта остануваат екстремно ниски, бидејќи многу американски рафинерии остануваат надвор од работа и земјата не е во можност да произведе доволно залихи, додека тековните штрајкови на француските рафинерии го зголемија притисокот за снабдување.

Сепак, Сен остана на ставот дека дизелот е тој што претставува поголема закана. Управата за енергетски информации објави дека САД, во поглед на резервите на дизел, имаат речиси рекордно ниско ниво што не е забележано од 2008 година. На крајот на октомври просекот во САД за галон дизел достигна 5,34 долари, што е 1,62 долари повисоко од истиот период минатата година, или имаше зголемување за 43 проценти.

А, што е уште побитно, штом ќе започнат санкциите на Европската унија за рафинираните нафтени производи во февруари 2023 година, проблемите во снабдувањето со дизел можат дополнително да се зголемат.

Уште повеќе, цените на дизелот за испораки во овој месец се зголемени за 33 отсто, додека, пак, резервите за овој период од годината не биле толку ниски од 1951 година, се вели во еден извештај од крајот на октомври на ЕИА.

Според мислењето на Сен, можно е администрацијата на Бајден да се вклучи во некаков тип на интервенција за кризата со дизелот, како што е наметнување квота за снабдување пред да може да се извезат залихите.

Директорот на Националниот економски совет Брајан Дис неодамна изјави за Блумберг дека нивото на дизелот паднало на неприфатливо ниско ниво и дека сите опции остануваат можни за да се поправи кризата.

Па така, пред неколку дена беше објавена и информацијата дека САД имаат дизел гориво во вредност од само 25 дена, а во моментов нема капацитет за создавање нови залихи. Имено, рафинериите не се во функција поради редовно сезонско одржување, а на пазарот во моментов има недостиг поради сеприсутната криза и неконтролираните цени. Залихите, на пример, во регионот на Нова Англија, каде што дизелот исто така се користи за греење, паднале на само една третина или најмалку од 1993 година до денес.

Сето тоа резултираше со поскапување на дизел горивото, за што во САД успеале да најдат привремено решение. Тоа решение, пак, според неофицијалните сознанија на Блумберг, било што два танкери со околу еден милион барели дизел гориво, кои биле на пат кон Европа, се пренасочени, и се вратиле назад кон Њујорк. Инаку, на Америка и требаат дури 128 милиони галони дизел дневно за нејзиниот патен транспорт, што е речиси 500 милиони литри.

Токму затоа, во вакви услови, не е јасно зошто би се прибегнувало кон користење на дизел горивото во земјава за загревање на топланите, наместо далеку еколошки пооправданиот и поисплатлив природен гас.

Н.Н.Ф.

Фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?