Дневен хороскоп 19 09 2017 Вторник
Објавено во: Општо 18 Септември, 2017 18:09
ОВЕН
Денес бидете внимателни и трпеливи. Импулсивноста може да ви направи проблеми на работното место. Провокациите од претпоставениот не смеат да влијаат врз вашето расудување. Денес е можна помала парична добивка, но бидете внимателни со трошоците.Парите како да ви се лизгаат од рацете. Имате големи планови за вложување во домот, и поради тоа ќе мора да штедите. Партнерот презема некои конкретни чекори во тој правец, и би требало да го следите.
БИК
Вашите колеги денес ќе очекуваат помош од вас. Заборавете ги старите недоразбирања и помогнете им. Тоа ќе помогне во остварување на заедничките интереси. Доколку имате планови за преселба, денес ќе треба да преземете конкретни чекори и да донесете одлука што точно сакате. Партнерот се обидува да ги контролира вашите трошоци, а тој самиот несвесно троши повеќе од вас. Пренесете му ги тие забелешки, но внимавајте на тонот, затоа што може да дојде до кавга.
БЛИЗНАЦИ
Работата ви се зголемува секојдневно, и чувствувате дека веќе не можете да го издржите наметнатиот притисок. Меѓутоа, зголемениот обем на работа ви овозможува и поголема финансиска сигурност, и поради тоа ќе морате да продолжите со исто темпо. Доколку имате некој проблем, обратете се за помош на постар колега. Тој може да преземе голем дел од вашите обврски. Со партнерот ве очекува мирен ден. Но бидете внимателни и не играјте си со неговото трпение.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





