05 Декември, 2025
0.1562

Дневен хороскоп 19 09 2017 Вторник

Објавено во: Општо 18 Септември, 2017 18:09

Добивај вести на Viber


РАК

Доколку сакате да постигнете успех во работата, ќе морате и да поднесете некои жртви. Свесни сте дека најтешко ќе ви биде откажувањето од некои приоритети кои сте ги зацртале во домот, но ќе морате да ги искористите шансите кои ви се нудат. Денес е можна поголема финансиска добивка која ќе ви даде елан за понатаму. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не впуштајте се во флерт. Можеби во моментот тоа го храни вашето его, но може да има сериозни последици врз вашиот брак. Фактот дека вашиот партнер е повлечен и изгледа незаинтересирано, нека не ве залажува.


ЛАВ

Денес храбро зафатете се со новите предизвици. Немате што да изгубите и тоа може да биде голема мотивација за вас. Еден колега ќе побара совет од вас и ќе ве натера на размислување. Всушност, ќе сфатите дека вие немате кому да му се обратите доколку ви притреба нешто. Опкружени сте со многу пријатели, а сепак сте осамени. Во љубовта чувствувате дека давате многу повеќе отколку што примате. Не запаѓајте во самосожалување. Направете напор и сменете некои работи во животот. Доколку сте во брак, денес може да се случи да го навредите партнерот. Внимателно избирајте ги зборовите кога сакате нешто да му кажете.

ДЕВИЦА

Денес ќе се обидете да работите на повеќе полиња. Додека им помагавте на другите, вашите обврски се трупаа, и денес ќе бидете принудени да побарате помош. Тоа ни најмалку не ви се допаѓа , но роковите почнуваат да ве притискаат и немате друг излез. Доколку имате сопствен бизнис, денес ве очекува разговор со странски партнер. Од утре ситуацијата може да се смени, и поради тоа инсистирајте денес да завршите со преговорите. Можни се проблеми со жолчката и затоа е добро да направите контрола.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: