05 Декември, 2025
0.0732

Дневен хороскоп 22 09 2017 Петок

Објавено во: Општо 21 Септември, 2017 18:35

Добивај вести на Viber


ВАГА
Свесни сте дека ве посматраат и вложувате дополнителен труд за да покажете дека сте способни да се справите со предизвиците. Интуитивно чувствувате дека еден колега ви работи зад грб. Не ги менувајте одлуките поради тоа, туку отворено спротивставете му се. Ако сте слободни, денес ќе бидете задоволни од средбата со една личност која одамна ви се допаѓа. Бидете самоуверени во пристапот и не дозволувајте вашата колебливост да дојде до израз.

СКОРПИЈА
Амбициозни сте и многу се трудите да успеете. Но, психичката ситуација во која се наоѓате ве блокира и не можете да дојдете до израз. Се наоѓате во маѓепсан круг и не гледате излез. Не дозволувајте колегите да забележат дека имате проблем, зашто може да се погрижат проблемот да ви стане уште поголем. Доколку се сомневате во партнерот, не избрзувајте, туку проверете за што се работи. Не си го расипувајте мирот, само поради мислите што ви се вртат во глава.

СТРЕЛЕЦ
Не обрнувајте внимание на коментарите што ќе ги добиете во текот на денешниот ден. Имате добра проценка на ситуацијата и не дозволувајте некој да ве предомисли. Соработниците со кои сте опкружени, не се секогаш добронамерни и затоа бидете претпазливи. Партнерот денес ќе донесе одлука која нема да ви се допадне. Потрудете се да останете мирни и да не реагирате импулсивно. Времето ќе покаже кој бил во право. Ако сте слободни, денес е можен контакт преку работа кој ќе ве натера на размислување.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: