05 Декември, 2025
0.0608

Дневен хороскоп 22 09 2017 Петок

Објавено во: Општо 21 Септември, 2017 18:35

Добивај вести на Viber


ЈАРЕЦ
Губите многу време на споредни ситуации и не ја согледувате работата во целост. Оставете им го проблемот на оние што се повикани да го решат и не се мешајте секаде. Колку и да имате добри намери, претпоставените не го ценат вашето мислење и време е да се помирите со тоа. На партнерот му поставувате строги критериуми и тоа ви создава конфликт во односите. Време е да попуштите, особено поради поддршката што ја имате од партнерот. Нема потреба да го нарушувате заедничкиот мир.

ВОДОЛИЈА
Вашата нервоза негативно влијае на вашите соработници. Обидете се да се соземете и да почнете да размислувате рационално. Никој освен вас не е виновен за настанатата ситуација. Денес бидете разумни и контролирајте ја импулсивноста. Нервозата од работното место ја пренесувате и во домот. Ако сте слободни, расположени сте за романса и воопшто не криете дека ви е потребен некој да ви ја стопли душата. За среќа, имате многу шанси да го добиете она што ви треба.

РИБИ
Имате јасно зацртана цел и знаете што ви е потребно да ја остварите. Пред да почнете да делувате, добро информирајте се за да не заталкате во погрешен правец. Ова е време на превирања и само со вистинска информација ќе се најдете на местото каде што припаѓате, според квалитетите што ги имате. Денес ќе бидете многу романтично расположени и тоа ќе се одрази на односите со партнерот. Ќе се однесувате како да сакате да започнете нова страница и да заборавите на минатото.



Претходна страна  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: