Дневен хороскоп за петок: Среќен ден за неколку знаци
Објавено во: Општо 08 Ноември, 2018
Овен
Не се срамете да го дадете вашето мислење, вашата реалистичност нема да ве изневери. Мотивацијата ќе ви биде на високо ниво и никој нема да може да ви одолее заради тоа. Успехот е само на еден чекор од вас. Во работата добро проверувајте ги сите задачи пред да ги завршите. На љубовен план, ве очекува одлично изненадување. Ќе сфатите дека сте направиле грешна проценка и ќе ги подобрите работите.
Бик
Потребен ви е баланс на сите полиња. Вашето спокојство позитивно ќе го проширите на сите околу вас. Не се двоумете кога станува збор за финансии и ќе бидете задоволни од она што ве очекува. Во работата ќе ги употребите сите вештини, но не се чувствувајте виновно што не сте совршени, никој не е. Време е да се погрижите за љубовниот живот и да направите некои подобрувања.
Близнаци
Бидете внимателни со зборовите, бидејќи не секој може да ја разбере вашата смисла за хумор. Ќе бидете темелни во работата и ќе ја завршувате беспрекорно, за што ќе бидете горди на себе. Денес ќе бидете поемотивни и би било добро да откриете која е причината за тоа. Некоја стара дискусија повторно ќе исплива на површина во љубовта. Време е да ги расчистите работите еднаш засекогаш.
Рак
Вашите идеи ќе бидат јасно дефинирани и ќе почнете да работите на некои нови проекти. Ќе успеете добро да се справите со недоразбирањата околу вас, а хуморот ќе ви помогне. Не чекајте одобрување од другите за она што мислите дека е паметна одлука, само си го губите времето. Ќе бидете во добро расположение и ќе работите на разбирањето во љубовта. Ќе имате добар почеток, обидете се да остане така.
Лав
Потребата да избегате од секојдневната рутина ќе ве однесе до запознавање нови интересни луѓе. Во одлична форма сте и ќе бидете задоволни со себеси. Нема да имате проблем со инспирација, а ќе бидете фокусирани на финансиски размислувања. Не претерувајте со работата, научете кога е доста од нови обврски. Во љубовниот живот преовладува еуфорија и конечно ќе ги остварите вашите желби.
Девица
Помош од страна ќе ви биде од голема корист кога станува збор за решавање на проблем кој долго ве мачи. Вашата чувствително ќе ви помогне да ги видите грешките на другите многу појасно. Потенцијалот за креативност во работата е во пораст и ќе сфатите што треба да промените. Ве очекува можност за промени на љубовен план што ќе ве изненадат. Размислете добро пред да донесете големи одлуки кои ќе имаат долгорочен ефект.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.