18 Јануари, 2025
0.0273

До 2030 ќе мора да запре сечата на дрва - Македонија под надзор на Обединетите нации

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Рене Кастро, помошниот генерален директор на ФАО при Обединетите Нации за време на 13-от интернационален форум за заштита на природата во Фросиноне посочи дека е загрижен за состојбата во Македонија за нелегалната сеча на дрва, како дел од еден поширок проблем на глобално ниво и што може да се преземе за да се спречат трајните последици.

„Ги следам работите во Македонија и навистина сум загрижен за големата сеча на дрва која е драстична. Да потсетиме дека Македонија е потписник на Програмата за одржливост на Обединетите нации коja треба да се реализира до 2030-та за кога е предвидено и целосно укинување на сечата на дрва“ посочи Рене Кастро, одговарајќи на прашање од репортерот на faktor.mk.

На прашањето дали е возможно да се применат политички реформи во состојба кога нелегалната сеча на дрва е поврзана со организарниот криминал и нема голема политичка волја да се реши проблемот, Рене Кастро посочи дека со меѓународен притисок политичарите ќе мора да ги воведат промените и да се заложат за одржлив раст на земјата.

Рене Кастро одржа и презентација за заканата од климатските промени, особено во сувите и тропските подрачја кои директно ќе влијаат на економијата. Говореше дека е возможно да се обезбеди економски раст со запирање на штетните емисии на јаглероден диоксид во светот, како и да се применат значајни мерки за раст на обвновливите извори на енергија.

„Земјите кои се јаглеродно неутрални не значи дека нема да загадуваат и да емитуваат ЦО2 во атмосферата, туку важен е начинот на кој ќе го компезираат тоа со мерки за ефикасност и репродукција, на пример засадување на дрва и земјоделски реформи. Не е важно само да се намали емисијата на јаглероден диоксид, туку како ќе се управува со енергијата, стопанството, земјоделството, образованието, практично сите јавни сфери“, посочи Кастро.

Повеќе од 20 земји во светот досега успеале да го зголемат шумскиот фонд, а тоа да не им влијае на производството на храна. Изненадувачки меѓу нив и е Кина и тоа се должи на земјоделските реформи, што може да биде мотивација и пример за останатите земји.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем