19 Декември, 2025
0.0787

До 31 мај може да се аплицира за отпис на камати од долгови кон Фондот за ПИОМ

Објавено во: Економија 05 Април, 2013 14:09

Добивај вести на Viber

Правните лица и договорните осигурници кои имаат долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија по основ на неплатени придонеси до 2008 година ќе можат да аплицираат за отпис на каматите до 31 мај годинава, и да ја платат само главницата на долгот до 31 ноември. Доколку главницата на долгот до 2008 ја исплатат до ноември годинава ќе можат да аплицираат за отпис на камата по основ на долг за неплатени придонеси по 2008 година, што е во надлежност на УЈП. Директорот на Фондот за ПИОМ Беким Незири на денешната прес-конференција информираше дека заклучно со 2008 година Фондот има побарување од вкупно 25.619 обврзници, кои должат над 10 милијарди и 91 милион денари. Од вкупниот долг над 40 проценти е долг по основ на камата. - Граѓаните за отпис на каматата ќе можат да аплицираат во Деловниците и Филијалите на Фондот за ПИОМ каде што се наоѓа седиштето на обврзникот, појасни Незири. Од вкупниот број обврзници, 5.784 се договорни осигуреници како свештени лица, индивидуални земјоделци, трговци поединци, таксисти..., со вкупен долг од околу 1,3 милијарди денари, а останатите 19.835 се правни лица со долг од околу 8,8 милијарди денари. Од правните лица должници на Фондот има и јавни претпријатија. - Работниците не по своја вина се соочуваат со проблем да остварат право на пензија некогаш и поради тоа што има недостигаат некогаш година, неколку месеци или пак само еден месец стаж. Наша цел е да им се помогне на таквите осигуреници и еднаш за секогаш да се расчисти овој проблем, рече Незири. Тој истакна дека доколку се случи некои правни субјекти да ги платат во целост своите долгови, на осигурениците кои веќе имаат остварено пензија Фондот на своја иницијатива ќе им направи нова пресметка за повисока пензија согласно дополнително уплатените придионеси. За да ја популаризира мерката Фондот помош побара и од правни субјекти, од јавни претпријатија, но и од верските заедници, чии претставници присуствува на прес-конференцијата, со оглед на тоа што голем дел оџи и попови, кои самите треба да си ги плаќаат придонесите тоа не го направиле. Долг кон ПИОМ во висина од 86 милиони денари имаат оџите, а 69 милиони денари поповите. Незири појасни дека доколку некој од должниците на Фондот е веќе тужен, тужбата ќе биде повлечена, како и дека нема да се дозволи бришење на неактивни фирми во Централниот регистар доколку тие се имаат неподмирени обврски кон Фондот.
 

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра