21 Ноември, 2024
0.0914

ДО 500 ЕВРА КАЗНА АКО НЕ ВИ ИЗБРИШАТ ДОЛГ: Законот за отпис на камати ќе се носи по скратена постапка

Објавено во: Економија 08 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев го најави на голема врата, а сега стигна и пред народните избраници. Предлог Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19 треба да уреди како ќе се отпишуваат пресметаните камати по основ на долгови на граѓаните кон државните органи и јавните институции, како и даночните долгови, но и како ќе се репрограмира главниот долг и трошоците.

Претставници на овој закон се министрите за правда и за финансии, Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими, како и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи. Како што е познато, ова законско решение се носи како дел од петтиот пакет економски мерки.  

Главна цел на овој закон е да им се даде еднократна помош на граѓаните, за решавање на проблемот со задоцнето плаќање на долговите.

Овој закон, како што навеле од Владата, ќе се носи по скратена постапка.

Како што навеле во самиот закон од Владата, овде ќе влезат физичките лица кои се државјани на земјава и кои не се регистрирани како вршители на дејност, односно трговец поединец, а кои се јавуваат како должници пред државните органи и јавните институции, односно имаат обврска за плаќање на данок или друг вид јавна давачка во смисла на Законот за даночна постапка.

Додека, пак, ќе се репрограмираат и ќе се отпишуваат камати на долгови кон државните органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и јавните претпријатија основани од државата, односно основани од општините, кои по основ на сопствената евиденција имаат побарувања од физичките лица.

Како долгови ќе се сметаат оние обврски кои настанале заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон.

Под даночен долг, пак, се подразбира доспеан неплатен долг од данокот на личен доход, данокот на имот, данокот на наследство и подарок, данокот на промет на недвижности, данокот на добивка, данок на додадена вредност, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување со камата за задоцнето плаќање пресметана до денот на влегувањето во сила на овој закон, како и трошоците за нивна наплата.

„Доколку физичкото лице до денот на влегувањето во сила на овој закон измирило дел од достасаната камата, главен долг или трошоци, нема право да бара поврат на исплатениот износ. Доколку, пак, граѓанинот до денот на влегувањето во сила на овој закон го исплатил главниот долг во целост и има достасана камата по основ на главен долг, таа ќе биде предмет на отпис согласно овој закон“, се вели во предлог законот.

Државните органи и јавните институции по сила на овој закон се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, и за него најдоцна во рок од 15 дена да ги известат физичките лица кои се јавуваат како нивни должници, по пат на јавна објава на нивната официјална веб страна, или преку телевизија, радио или друг начин на јавно информирање.

„Отписот на камата на долговите не претставува доход на физичкото лице кој се оданочува согласно одредбите од Законот за данок на личен доход. Отписот ќе биде признат трошок за целите на данокот на добивка за даночните обврзници“, нагласиле предлагачите на законот.

И, во законот е наведено дека приватните компании сами ќе одлучат дали ќе ги отпишат каматите и ќе ги репрограмираат долговите.

„За отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, доверителите во приватна сопственост доброволно одлучуваат преку своите органи на управување“, се вели во предлог законот.

Она што е битно, е дека со денот на влегувањето во сила на овој закон, се прекинува извршувањето на решенијата за присилна наплата и решенијата за одложено плаќање на даночен долг и преземањето на дејствија за наплата на долг. Исто така, тогаш веќе нема да пресметува камата за задоцнето плаќање согласно Законот за даночна постапка, за даночниот долг. Веќе нема ни да се објавуваат физичките лица на листата на должници согласно Законот за даночна постапка.

Притоа, законот одредува дека граѓанинот може да го отплатува главниот долг и трошоците на 12 еднакви месечни рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

Како краен рок за плаќање на месечните рати ќе се зема последниот ден од тековниот месец, а за задоцнето плаќање на месечните рати на репрограмираниот долг, се пресметува законска казнена камата, односно камата согласно Законот за даночна постапка.

Предвидени се и глоби во износ од 100 до 500 евра за раководните лица во државните органи за прекршок, доколку не постапиле по овој закон во предвидениот рок. За пропишаните прекршоци прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Овој закон ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

„Со предложеното законско решение ќе се помогне на граѓаните во справувањето со последиците од Ковид 19 пандемијата односно ќе се олесни начинот на подмирување на заостанатите долгови кон државните органи и јавните претпријатија, како и даночните долгови, преку спроведување на еднократна помош за решавање на проблемот на физичките лица со задоцнето плаќање на долговите“, навеле од Владата во предлог законот за отпис на каматите и репрограмирање на долговите.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто