17 Јануари, 2025
0.0301

До доцна во ноќта архитектите смислија: Како да го прегрнат ГТЦ!

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на архитекти на Македонија до доцна синоќа го подготвуваше сценариото за престојните протести против планираниот нов изглед на Градскиот трговски центар. На состанокот биле присутни сите членови на одборот кои во петок како што изјавија здружени ќе се обидат да ја докжат вредноста на овој култен објект за сите скопјани. Вечерта на денот на протестите, освен потпишувањето на петицијата превидени се говори на архитектите во контект на значењето и зачувувањето на оргиналниот изглед на ГТЦ. Исто така архитектите под иницијативата “Го сакам ГТЦ”, ќе застанат во вид на жив штити и на симболичен начин ќе го гушнат објектот. Од Асоцијацијата ги повикуваат сите граѓани кои се против обезличувањето на ГТЦ, да се потпишат на петицијата и да се придружат на живиот штит со креативни и остварливи предлози. Инаку новиот изглед на овој објект се крчка уште од минатата година. Досега пропаднаа неколку тендери. Во досегашните тендери, најголем дел од идејните решенија соп футуристички елементи. Во последниот и претпоследниот конкурс имаше пристигнато идејни решенија со барокни и класицистички елементи. Конкурсите се поништуваа поради технички недостаци, а во еден случај и поради тоа што имаше пристигнато само една понуда и тоа со футуристички изглед за објектот. Дел од стручната фела, коментираат дека со последниот избор станува јасно, зошто досега ниту едно идејно решение не беше прифатливо.. Победничкото решение предвидува во идниот изглед на ГТЦ да има неокласицистичка фасада во стилот на „Скопје 2014“, три куполи, десетици антички столбови и тераса со бројни скулптури на последниот кат од објектот. Јавниот конкурс за идејно решение за промена на фасадата на ГТЦ беше објавен во јуни минатата година, кога се изгласаа и измените на Деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од тогашното раководство на општината Центар. Бидејќи сите измени што ги претпре овој план беа во насока на тоа фасадите на објектите да се вклопуваат во амбиентот, односно да бидат во согласност со проектот “Скопје 2014”, уште тогаш беше јасно дека и овој објект ќе биде со неокласицистичка фасада. Раководството на ГТЦ неколку пати во јавноста излезе со различни ставови, прво дека се преферира трговскиот да биде со стаклена фасада, но последните коментари се дека објектот треба да се вклопи во околниот амбинет, поточно да биде во правец на новите барокни фасади на околните згради како Сити Галери, Стар Метропол и Пелистер. Првичната идеја беше само надграда и тоа се најави уште во 2007 година. Тогаш на првиот конкуср објавен во 2008 година, пристигнаа 10 понуди, а првата награда ја добија група автори, Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиевска и Ана Ивановска. Овој проект се стави во мирување се до лани кога во конкурсот за надградба беше вметнат и делот за фасадно обликување. Сегашната фасада на ГТЦ е изградена според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година го освоил првото место. Објектот е изграден во 1971 година. Токму за проектот за ГТЦ, Поповски е награден со  националната награда „11 Октомври“. Тој во историјата ќе остане запаметен како еден од најталентираните македонски архитекти. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби