ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ? Над 250 лица ќе бидат сослушани, еве што открива Тошковски

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 07:30
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот со трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени.
Тошковски очекува дека Обвинителството во разумен рок ќе поднесе обвинителен акт.
- Според последните информации 11 обвинители се вклучени во случајот. Има собрано огромен број докази, има и потенцијални сведоци, над 250-300 луѓе кои можеби ќе бидат сослушани. Со овој случај мора да покажеме дека државата има капацитети да одговори соодветно, рече Тошковски во интервју за телевизија „Алфа“.
Вели дека има разлика како се постапува сега во однос на претходните години затоа што за трите поголеми случаи како Ласкарци, Модуларната болница во Тетово и запалениот автобус во Бугарија немало поднесено ниту една пријава од страна на МВР, ниту пак бил извршен претрес за разлика од сегашните кривични пријави што се поднесени за случајот во Кочани.
Во однос на барањата од опозицијата да си поднесе оставка од функцијата, Тошковски вели дека чувствува морална одговорност, но дека чувствува уште поголема одговорност да се расчисти случајот до крај.
Во однос на изјавата на заменик-министерот за правда Ален Деребан за „Гласот на Америка“ дека во брзо време ќе биде лишен од слобода поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство надвор од државата, министерот Тошковски рече дека досега нема официјална потврда дека е лоцирано такво лице.
Можеби ќе ве интересира
НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ И ПОШТА, НЕ МОЖЕ ДА ГЛАСА... ДАЛИ САМО ЌЕ СМЕЕ ДА ЗЕМА ПЛАТА - ОЈО ГОК ја објасни мерката за претседателката на ДКСК

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ПАЦИЕНТИ ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ ОД СРБИЈА, 33 ОСТАНУВААТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСКИТЕ КЛИНИКИ - најнов билтен од Министерството за здравство

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии
